Saturday, May 7, 2011

Shakira Isabel Mebarak Ripoll

Шакира Изабел Мебарак Рипол (родена на 2 февруари 1977)[2] позната како Шакира, شاكيرا на арапски шпански изговор: [tʃaˈkiɾa][3] е колумбиска[4] пејачка, текстописец, музичарка и танчерка која направи вистински пресврт на музичката сцена во Латинска Америка во раните 1990-ти. Таа е родена и порасната во Баранкила, Колумбија. Шакира уште како мала се занимавала со живо пеење на рокенрол, латинска и либанска музика, а истотака и уште од мала се бавела со стомачен танц. Мајчин јазик на Шакира е шпанскиот, но истотака таа целосно ги зборува англискиот, португалскиот и италијанскиот.[5]
Таа има добиено две Греми награди, седум Латински Греми награди, а истотака е номинирана и за Golden Globe. Истотака таа е и најпродаваниот колумбиски артист на сите времиња, и втор по ред најпродаван женски латински изведувач со околу 50 милиони копии продадени на светско ниво според БМИ.[10] Освен тоа таа е и единствениот изведувач од Јужна Америка што го достигнала врвот во Северно Американските Billboard Hot 100, Canadian Hot 100, Австралиската ARIA и UK Singles Chart.

No comments:

Post a Comment